“
Одигравме фантастично“ – рече тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола веднаш по завршувањето на финалниот натпревар во кој Барселона во целост го надигра Манчестер Јунајтед и го освои четвртиот трофеј во најсилното клупско натпреварување.
– Манчестер Јунајтед е тим, кој може да постигне погодок од многу малку прилики, ние многу добро го контролиравме текот на натпреварот на теренот- потенцираше стратегот.
Гвардиола во само три сезони се промовираше во еден од најдобрите светски тренери. По втор пат ја освои лигата на шампиони, три пати триумфираше во Пример, еден “Копа Дел Реј“, еден европски суперкуп и светкското клупско првенство. Гвардиола како фудбалер освои 16 трофеи, а на стадионот во Лондон, во 1992 година ја освои ЛШ во дресот на Барселона против Сампдорија.
Тој е на листата на шестте тренери кои и како играчи триумфирале во ова натпреварување, Мигуел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти и Франк Рајкард.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com