Гвардиола потврди, Феран Торес е блиску до трансфер во Барселона
23.12.21 18:29
Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, потврди дека Барселона преговара за трансфер на напаѓачот на „граѓаните“, Феран Торес.
Нема да купуваме напаѓач во јануари. Феран Торес и Барселона? Сè уште нема официјални информации. Знам дека преговорите се во тек и страните се блиску до договор, тоа е сè. Кога клубот ќе објави официјално, тогаш сè ќе биде познато, изјави Гвардиола, за „Manchester Evening News“.
Претходно беше објавено дека Феран Торес ќе се пресели во Барселона за 55 милиони евра.
Дваесет и едногодишниот Шпанец настапува за Манчестер сити од август 2020 година, а во сезоната 2021/22 постигна три гола и една асистенција на седум настапи за тимот.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12 коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лиг...