Поранѓениот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола искажа подготвеност да го превеземе тимот на Челси, по неговото заминување од шпанскиот клуб.
“Со задоволство ќе одговорам на нивно јавување. Во следниот месец нема да размислувам за фудбал. Сакам да ги наполнам батериите, да си ги исчистам мислите”, ја пренесе изјавата на Гвардиола, англискиот таблоид ‘The Sun”.
“Ќе чекам. Ако успеат “да ме заведат“ со добра понуда, тогаш ќе ги тренирам, се разбира, ако ме сакаат”, додаде Пеп.
Извори блиски до клубот велат дека Абрамович е подготвен да му понуди нешто што не може да се одбие на шпанецот. Гвардиола во четирите години освои 14 трофеи. Последниот беше синоќа кога го совладаа Билбао со 3-0.
Неизвесна е судбината на италијанецот Роберто Ди Матео кој како “резерва“ ги освои ФА купот и Лигата на Шампиони. Него медиумите во Италија, го поврзуваат со Наполи.