Навивачите на Барселона на фантастичен начин му се заблагодарија на тренерот Гвардиола. Четиригодишната “љубов“ помеѓу Барселона и Пепе завршува после оваа сезона.

Последниот натпревар пред своите гледачи сезонава, Барселона го одигра со градскиот ривал Еспањол. “Блауграната“ славеше со 4-0, а сите погодоци беа дело на Лионел Меси. Чудото од дете со “покер“ погодоците стигна до 50-от сезонава.

Мх.П.