Тренерот на Барселона, Жозеп Гвардиола, ги објасни причините поради кои, по завршувањето на сезоната ќе замине од клупата на Барселона.

Гвардиола тврди дека Жозе Мурињо нема врска со одлуката за повлекување, како причина тој го наведе заморот.

Мурињо не влијаеше на мојата одлука и не заминувам од клубот поради него. Впрочем, тој не ми е единствениот ривал. Не ме заморуваат тренерите на другите екипи, уморен сум од секојдневната работа и победувањето“, изјави Гвардиола.

Трофејниот тренер ја искоментира изјавата на Мурињо, дека оваа година Златната топка ја заслужил Кристијано Роналдо.

Ќе дојде еднаш и тој ден, кога Меси нема да ја освои таа награда, но тој оваа сезона беше брилијантен“, мирно возврати Гвардиола.

Ohridnews