Барселона со реми 2-2 во Севиља, против Бетис ја заврши сезоната во Примера Дивизион. “Блауграната“ поведе со голот на Бускетц. Домаќините од 70-та до 75-та минута го изедначија резултатот и успеаа да дојдат во водство со “парот“ на Кастро.
Со гол во последните мигови од мечот, Кеита донесе реми на последниот натпревар за Гвардиола, во Примера. Вицепрвакот во “Ла Лига“, Барселона од 53-та минута остана со фудбалер помалку откако десниот бек заработи втор жолт картон автоматски црвен.
– По исклучувањето на Алвеш, тешко ја контролиравме играта. Домаќините постигнаа два брзи гола, но ние имавме среќа и Кеита постигна гол за нерешен исход – потенцираше Гвардиола и додаде – Ова беше мој последен натпревар во “Ла Лига“, мислам дека на никој нема да му недостасувам. Времето ќе помине и луѓето ќе заборават на мене, но се надевам дека сите ќе се сеќаваат на добро време – заврши Гвардиола.
Тренерот на Барселона, Гвардиола последниот натпревар на клупата од “блауграната“ ќе го има во финалето од Копа Дел Реј против Атлетик Билбао.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...