Шпанскиот стратег на клупата од Баерн Минхен по победата над Борусија Дортмунд истакна дека некој дава информации од клубот на германските новинари. „Кртот“ меѓу „баварците“ пред мечот со Дортмунд ја открил тактиката и составот, а тоа не им помогна на „милионерите“ кои беа декласирани со 3-0.
– Ако ве интересира мојата тактика, непотребно е да ги контактирате моите фудбалери. Го имате мојот број, повикајте ме – рече Гвардиола, а легендтата на Баерн Минхен, Румениге додаде – Престани, или ќе имаш големи проблеми.
По победата во дерби средбата фудбалерите на Баерн Минхен се одлепија на седум бодови од „милионерите“, а четири од „фармацевтите“.
Мх.П.