По поразот од Реал Мадрид во “Ел Класико“, Барселона сите погледи ќе ги в пери во Лигата на Шампиони. На првиот полуфинален натпревар одигран на Стемфорд Бриџ, Челси со минимални 1-0 славеше над Барселона.


Мечот во голема мера, ќе биде ист како оној со Реал Мадрид. Ако бидеме стрпливи и ја играме нашата игра сигурно ќе патуваме во Минхен. Фудбалерите знаат да се извлечат од вакви психолошки ситуации, оптимизмиот сеуште владее во екипата пред 1/2 финалниот дуел – потенцираше Гвардиола и додаде. Мораме да биде претпазливи во текот на целиот меч, да не ни се повтори грешката од првиот натпревар кога од еден шут кон голот, примивме погодок.


Ако “блауграната“ се пласира во големото финале, ќе биде во можност да ја брани титулата освоена во минатогодишното финале на Вембли.

Мх.П.