– На почетокот од кариерата сакав да играм и во Премиер лигата, но не успеав. Затоа сакам како тренер да ја почувствувам таа магија и тие навивачи – порача Пеп Гвардиола во изјавата за својата иднина која се повеќе се поврзува со најсилната англиска лига и додаде – Сакам да работам во Англија, да го видам островскиот начин на живеење и стил на фудбал, затоа ветувам еден ден ќе дојдам тука како тренер.


Откако замина од Барселона, Пеп Гвардиола сеуште е без клуб. Го поврзуваа со многу екипи, но “мозокот“ на “тик так“ играта на Барса сеуште е слободен агент. Најблиску до ангажман на Гвардиола е англискиот првак Манчестер Сити, кој не штеди пари за да го донесе.

Мх.П.