Манчестер Сити на гостувањето на „Викариџ Роуд“ против Ватфорд ја забележа седмата победа во серија, а вкупно 13-та во 15-ет одиграни мечеви оваа сезона во Премиер лигата. „Граѓаните“ славеа со 2-1, но во финишот лесно можеше да се случи лидерот на табелата да остане без трите бодови иако имаше водство 2-0.

  • Имавме шанси во првото полувреме да постигнеме два-три голови кои ќе го решеаја победникот. Меѓутоа, ние направивме неколку грешки кои не се дозволиви за ваков ранг на натпреварување и стравувавме за победата. Домаќинот доби крилја после погодокот за 2-1, но играчите добро одговорија и не потклекнаа пред притисокот. – изјави Пеп Гвардиола.

Избраниците на шпанскиот стручњак на второпласираниот Ливерпул му избегаа пет бодови, а „црвените“ мечот од 15-та рунда ќе го одиграат вечерва против составот на Барнли.

OhridNews

Марез и Сане го решија Ватфорд (видео)