Пеп Гвардиола во наредната сезона ќе ја преземе клупата на Баерн Минхен, потврдија од германскиот клуб.


Актуелниот тренер Јуп Хејнкес на крајот од сезоната ќе се повлече, а шпанецот по пауза од една година ќе му се врати на фудбалот.

Гвардиола сигурно ќе донесе многу позитивна енергија на Баерн и во германскиот фудбал – рече претседателот на клубот Карл Хајнц Румениге.

Гвардиола за времето минато во Барселона освои 14 трофеи, меѓу кои два во Лигата на шампиони.

Ohridnews