Шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити и ќе го напушти островот после завршување на сезоната 2020/21.

Гвардиола, планира да замине од Етихад и да одмори од фудбалот неколку сезони. „Граѓаните“ му понудиле нов договор на Шпанецот, но тој категорично го отфрлил. Гвардиола идеална замена за него на клупата гледа во Микел Артета, кој моментално е во стручниот штаб на шпанскиот тренер.

Млад е и веќе има големо искуство. За кратко време сигурен сум дека ќе може самостојно да работи. – изјавил Гвардиола и ги подгреа шпекулациите околу Артета.

Артета цела деценија ја помина играјќи во Премиер лигата. Пет години го носеше дресот на Евертон а пет години работеше во Арсенал под водство на Арсен Венгер. Од 2016 година е во Манчестер Сити со улога на асистент на Гвардиола.

OhridNews