Георге Хаџи е нов селектор на фудбалската репрезентација на Романија. Еден од најдобрите романски фудбалери на сите времиња на функцијата ќе го наследи Разван Луческу, кој минатата недела неочекувано поднесе оставка на селекторското место.


 Романија во Д групата во квалификациите за пласман на ЕУРО 2012 се наоѓа на четвртото место на табелата во конкуренција на Франција, Белорусија, БиХ, Албанија и Луксембург.

Досегашната тренерска кариера на Георге Хаџи не е премногу успешна, неговиот последен ангажман го имаше во Галатасарај, каде поради катастрофалните резултати доби отказ.

“извор Макфакс“
Ohridnews