Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи – Ристески по првиот конкретен разговор со еден од можните кандидати за селектор, хрватскиот стратег Иванковиќ, истакна дека разговорот не значи и избор на селектор бидејќи ситуација ќе биде појасна по одржувањето на Седницата на УО в среда.
– По седницата ќе знаеме дали ќе ангажираме селектор странец, или домашен тренер. Нашите ставови се јасни. За македонската јавност единствен успех е пласман на второто место во групата иако шансите се намалени, но сеуште се реални. Доколку УО донесе одлука за ангажман на селектор од странство тогаш ќе ги продолжиме разговорите со г-динот Иванковиќ. Тој има доставено и свое „CV“ со што и официјално е кандидат за функцијата. Ова е прв разговор со тренер за селекторската функција – изјави претседателот Хаџи-Ристески.
Покрај хрватот Иванковиќ интерес за македонската клупа пројавиле и турските тренери Јунел Краман и Зија Доган како и српскиот стратег Стеван Остојиќ со кои исто така ќе претстојат разговори. Од македонските тренери до сега нема никој доставено ниту биографија, ниту пријава.
Веднаш по состанокот претседателот на ФФМ доби лична информација од менаџерот на Олег Блохин дека е заинтересиран за функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација.
25-годишниот хрватски ракометар Џанфранко Прибетиќ ново засилување на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Прибетиќ игра на позицијата пикер Со Охрид потпиша 2,5 годишен договор Прибетиќ во Хрв...
Проблеми во нуркањето, презентација на нова опрема, ребридери, презентации на нуркања во странство, длабински нуркања, нуркања на интересни локација низ морињата и океаните, посебни презентации как...
Со едноминутно молчење и навраќање кон времето кое го поминувал во клубот, неговата професионална посветеност и придонес, беше оддадена почит кон прерано починатиот нуркач Дејан Костојчиноски од Кл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.