Прилепчанецот Харалампие Хаџи – Ристески по трет пат е избран на чело на ФФМ. По победата староновиот претседател повика на единство помеѓу
фудбалските работници.


Посакувам сите недоразбирања помеѓу луѓето кои работат во фудбалот да бидат надминати. Верувам дека со помош на Агенцијата за млади и спорт, Централниот регистар и некои други институции на Владата проблемите и несогласувањата ќе ги решиме за доброто на фудбалот. ФФМ има многу зацртани проекти кои во наредниот период ќе бидат реализирани, а еден од нив е големиот тренинг центар во Скопје каде што ќе биде и новата „Куќа на фудбалот“, рече Хаџи Ристески.

ФФМ во следниот период ќе има и нов Управен одбор, како и нов
потпретседател. На местото на досегашниот втор човек на федерацијата
Реџеп Беџети нов потпретседател ќе биде Кенан Идризи.

ohridnews