По пауза од 11 години најуспешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Ѓоко Хаџиевски се врати во родната земја.

Тој ќе ја преземе функцијата спортски директорот во најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар и ќе се врати на местото каде освои пет титули.

Неговото враќање ќе биде голем плус за фудбалот во Македонија бидејќи со него на клупата фудбалската репрезентација ги имаше најголемите успеси.

Мх.П.