Харалампие Хаџиристески поднесе оставка на позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
 
  
 
Хаџиристески во изминатите 10 години беше прв човек на најмоќната спортска федерација во Македонија.
 
– Оставката ја поднесувам од лични причини и барам собранието да ја прифати. Сакам да се заблагодарам на десетгодишната соработка на сите делегати. Ако сум јас тој кој што го спречува доброто во фудбалот, се повлекувам и оставам простор за помладите. – рече Хаџиристески.
Оставката на претседателот на ФФМ како и таа на УО на ФФМ беше едногласно прифатена. Најсериозен кандидат да го замени Хаџиристески на местото претседател е Илчо Ѓорѓиоски. 
М.П.
 
    
 
 
					 
					
						© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com