“Баварците“ го преживеаа пеколот на Сантијаго Бернабе, ги избришаа лошите спомени од финалето пред две години и човекот кој тогаш го предоводеше Интер и триумфално се враќаат во Минхен, каде на 19 мај во улога на домаќин ќе го пречекаат Челси.


Еден од јунаците на мечот , поранешниот фудбалер на Реал Н, Арјен Робен од пенал но во регуларниот дел ја затресе мрежата на Касилљас.

Горд сум на ова што го направивме. Кога по првите 14 минути губиш со 2-0 мора да си јак и да се вратиш. Останатиот дел од мечот го одигравме добро и заслужено победивме – рече десетката на Баерн.

Пресреќен беше тренерот на Баерн, Јуп Хајнкес кој како тренер на Реал Мадрид во 1998 година ја освои титулата во ЛШ, победувајќи го Јувентус со 1-0.

Ова беше волшебна ноќ. Имавме големи проблеми по првите 15 минути, но после тоа доминиравме. Бевме перфектни , ова е голема победа за Баерн. Беше тешко но сега сме во финалето, и тоа е најважното. Победата ќе ја прославам со чаша црвено вино  – рече Хајнкес.

М.П.