“Баварците“ го преживеаа пеколот на Сантијаго Бернабе, ги избришаа лошите спомени од финалето пред две години и човекот кој тогаш го предоводеше Интер и триумфално се враќаат во Минхен, каде на 19 мај во улога на домаќин ќе го пречекаат Челси.


Еден од јунаците на мечот , поранешниот фудбалер на Реал Н, Арјен Робен од пенал но во регуларниот дел ја затресе мрежата на Касилљас.

– Горд сум на ова што го направивме. Кога по првите 14 минути губиш со 2-0 мора да си јак и да се вратиш. Останатиот дел од мечот го одигравме добро и заслужено победивме – рече десетката на Баерн.

Пресреќен беше тренерот на Баерн, Јуп Хајнкес кој како тренер на Реал Мадрид во 1998 година ја освои титулата во ЛШ, победувајќи го Јувентус со 1-0.

– Ова беше волшебна ноќ. Имавме големи проблеми по првите 15 минути, но после тоа доминиравме. Бевме перфектни , ова е голема победа за Баерн. Беше тешко но сега сме во финалето, и тоа е најважното. Победата ќе ја прославам со чаша црвено вино  – рече Хајнкес.

М.П.