Хакерски напад врз сајтови од неколку државни институции
11.08.15 14:14
Сајтови на повеќе државни институции меѓу кои и на државното обвинителство, Министерството за информатичко општество, сајтот за е-трговија синоќа биле паднати одредено време и на нивно место во интернет просторот се појавувала порака “kissed by UstadCage”. Според првичните информации хакерскиот напад бил извршен врз сервер на Министерството за информатичко општество и администрација на кој се хостирани повеќе веб сајтови на други државни институции.
Од обвинителството велат дека се истражува нападот, а во истрагата се вклучени и припадници на одделот за компјутерски криминал во МВР. Зад поимот UstadCage на социјалната мрежа Фејсбук има профил со иста слика, а при проверка се утврдува дека креаторот пишува на индонезиски јазик.
Истрагата треба да покаже која е заднината врз хакерскиот напад. При пребарување на интернет за да се најде сајтот на министерството за информатичко општество уште стои истиот потпис на хакерот додека страницата на МИОА функционира.
Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, годинава, по 41 пат, ја организира истоимената ликовна колонија, најстара во нашата земја Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како...
Директорот на Државна лотарија, проф д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека држава...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.