Според изјавите на одговорните во проектот, претпоставувајќи дека ќе се случат напади, поставен бил систем за заштита, кој ги детектирал нападите и давал известување за нив.
– Во текот на овој месец, имаше над сто напади. Поради тоа, како и веројатноста од натамошно нивно повторување, со што системот е изложен на постојана опасност што би можело да доведе до спречување на одредени негови функции, но и до целосно блокирање, бевме приморани изминатиот период да преземеме мерки за дополнителна заштита, велат одговорните во проектот.
Како што се наведува од нивна страна, мерките за дополнителна заштита се во завршна фаза, досегашните штети од нападите се минимални. Сепак, неопходно било пролонгирање на почетокот со наставата, а биле изгубени и апликации на дел од кандидатите кои се пријавиле да го учат македонскиот јазик. Поради тоа од “Учи македонски- online”, апелираат до тие што испратиле апликација да го учат македонскиот јазик, а не добиле одговор, повторно да се пријават.