Англиската верзија на официјалната веб страна на општина Охрид (ohrid.com.mk) која беше нападната од хакери, од вечерва повторно е ставена во функција.


Неидентификуван сторител синоќа ја  хакира англиската верзија на официјалната веб- страница на Општина Охрид. Хакерот ги избришал поставените содржини и на бугарски јазик напишал дека страницата не била обезбедена и објавил текст со мноштво навреди во врска со потонувањето на бродот „Илинден“ .

– Секој може да објави на страницата што сака, без притоа да направи кривично дело. На веб-страницата нема ниту лозинка, ниту каков било друг начин за спречување на пристап. Јас тука случајно наидов, напишал меѓу другото хакерот во пораката на бугарски јазик.

Поради хакерскиот упад англиската верзија на официјалната општинска веб страна исвесен период беше надвор од употреба.

OhridNews