Утре пред споменикот на Скендер бег во Скопје, ќе биде одржано свеченото прогласување на Република Илирида, јавува порталот „Алмакос“.
Чинот на прогласување ќе го стори поранешниот пратеник во македонското собрание, Невзат Халили, „премиерот“ Баки Сулемани и претседателот на националниот фронт за човекови права и слободи, Идриз Синани-Куманова.
Прогласувањето на Илирида најпрво беше најавено за 15 септември, но ден пред тоа за електронското издание на весникот Лајм, Халили изјавил дека по барање на меѓународниот фактор прогласувањето е одложено.
OhridNews
„Алмакос“