Германскиот гигант Хамбург е новиот ракометен владетел во Европа. Во големото финале германците ја совладаа Барселона со 30-29 по дополнителни десет минути.

До првиот трофеј во Лигата на Шампиони ракометарите на Хамбург стигнаа во изедначен меч иако Барселона важеше за поблаг фаворит во финалниот натпревар.

Претходно во малото финале екипата на Киелце стигна до третото место победувајќи го тимот на Кил со 31-30.

Мх.П.