Во полуфиналните натпревари Хамбург го елиминираше актуелниот првак Кил со 39-33 додека Барселона со 28-23 го “преслуша“ Киелце, кој во 1/4 финалето го елиминираше Металург.
Финалето во Лигата на Шампиони се игра в недела, а Хамбург или Барселона ќе ја продолжат германско-шпанската доминација во Европа.
Последните девет години вклучувајќи ја и оваа сезона титулата во Лигата на Шампиони ќе остане во Германија или ќе замине во Шпанија.
Последен првак кој не доаѓаал од овие две земји е словенскиот преставник Целје во 2004 година.