Во последната рунда од Бундес лигата најсреќна излезе екипата на Хамбургер, која покрај поразот од Мајнц 3-2 се задржа на местото кое обезбедува бараж меч за опстанок.

Киксот на некогашниот првак не го искористија Нирнберг и Брауншвајнг кои исто така загубија во последното коло.

„Баварците“ официјализирањето за старо-нов првак го прославија со минимална победа 1-0 над Штутгарт пред своите гледачи.

Покрај новиот првак пласман во ЛШ обезбедија Дортмунд, Леверкузен и Шалке. Во Лигата на Европа германската Бундес лига ќе ја преставуваат Волфзбург и Менхенгладбах.

Резултати : Баерн Минхен – Штутгарт 1-0, Шалке – Нирнберг 4-1, Леверкузен – Вердер 2-1, Хановер – Фрајбург 3-2, Волфзбург – Менхенгладбах 3-1, Хофенхајм – Брауншвајнг 3-1, Мајнц – Хамбургер 3-2, Аугзбург – Ајнтрахт 2-1, Херта – Дортмунд 0-4.

Мх.П.