Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон загрижен е што следната година болидите ќе бидат потешки заради монтирање на HALO системот за заштита и дополнителните компононенти на моторот.

Фактот во 2018 година дозволениот број на мотори од четири оваа година, се намалува на три, доведува кај многу возачи, вклучувајќи го и Хамилтон, до сомнеж дека промените ќе имаат негативна консеквенца во однос на атрактивноста на овој спорт.

– Не ја поддржувам идејата да бидеме ограничени на три погонски единици. За мене тоа е непотребно, затоа што овој спорт треба да има повеќе возбуда, а со оваа мерка бегаме од тоа. Болидот ќе биде тежок како автобус, од причина што ќе се додаде повеќе тежина, нешто слично како во NASCAR. Исто така кочењето ќе мора да биде значително подолго, тешко и на самиот лимит. Знам дека сето ова звучи негативно, но морам да сум искрен затоа и ние возачите и публиката сакаме да се забавуваме во овој спорт. – истакна Хамилтон.

ОhridNews