Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон заврши на втората позиција на трката во САД но доволно беше да ја осигура шестата титула во Формула 1 шампионатот. Британецот на стазите делува неприкосновено но после освојувањето на нова титула го отвори срцето. Тој најновиот успех го посвети на легендарниот Ф1 пилот, Ники Лауда.

  • Неможам да почнам да ја опишувам мојата среќа, но едно знам дека ги поминав сите мои детски соништа. Како дете мало мечтаев да победам на една трка и да освојам една титула, а сега победувам и зад своито име имам шест титули. Навистина неверојатно. Ја преставувам мојата земја, луѓе ме застануваат и ме поздравуваат за успесите. На врвот никогаш немаше да се искачам без поддшрката од фамилијата а посебно од мојот татко кој ме научи да не се откажувам. Без пријателите, мојот тим Мерцедес и симпатизерите секако. Сепак, оваа титула ја посветувам на Ники Лауда. Тој беше мој прилател и ментор. Тој ни покажа дека храброста и одлучноста одат рака под рака. – изјави Хамилтон.

На вечната листа со шест титули Хамилтон го зазеде второто место. Еднствено пред него се наоѓа Михаел Шумахер кој има седум шампионски титули.

OhridNews