Возачот на Мекларен, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австралија, со која во недела ќе започне 63-тото Светско првенство во Формула 1. Покрај Хамилтон во првиот ред ќе биде неговиот тимски колега, Џенсон Батон.
Од вториот ред ќе стартуваат Роман Грожан во Лотус, и некогашниот светски првак Михаел Шумахер. Актуелниот првак Себастијан Фетел и Марк Вебер од Ред Бул ќе тргнат од третиот ред.

Поранешните првави Фернандо Алонсо и Кими Раиконен, ќе стартуваат од 12 одноно 18 место.


Трката за Големата награда на Австралија, во Мелбурн во недела ќе се вози со почеток во 7 часот по средноевропско време.
Tитулата во двете конкуренции (возачи и конструктори) ќе ја бранат Себастијан Фетел и Ред Бул.
Формула 1 првенството кое ќе започне во Мелбурн, по извозени, рекордни 20 трки ќе заврши на 25. ноември во Бразил, со трката во Сао Паоло.
Календар на првенството во Формула 1 за 2012 година:
18. март: ГН на Австралија (Мелбурн)
25. март: ГН на Малезија (Сепанг)
15. април: Гн на Кина (Шангај)
22. април: ГН на Бахреин (Шакир)
13. мај: Гн на Шпанија (Барселона)
27. мај: ГН на Монако (Монте Карло)
10. јуни: ГН на Канада (Монтреал)
24. јуни: ГН на Европа (Валенсија)
8. јули: ГН на Велика Британија (Силверстон)
22. јули: ГН на Германија (Хокенхајм)
29. јули: ГН на Унгарија (Хунгароринг)
2. септември: ГН на Белгија (Спа Франкошамп)
9. септември: ГН на Италија (Монца)
23. септември: ГН на Сингапур (Марина Беј)
7. октомври: ГН на Јапонија (Сузука)
14. октомври: ГН на Јужна Кореја (Јеонгам)
28. октомври: ГН на Индија (Њу Делхи)
4. ноември: ГН на Абу Даби (Абу Даби)
18. ноември: ГН на САД (Остин)
25. ноември: ГН на Бразил (Сао Паоло
Ohridnews