Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон убеден е дека Ферари во наредните трки ќе претставува сериозна закана за Мерцедес. На отворањето на сезоната Мерцедес забележа „еден-два“ победа, на врвот беше Ботас пред Хамилтон, а пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Чарл Леклерк, завршија на четвртото и петтото место.

Очигледно е дека сите сме изненадени. Никој не очекуваше дека толку ќе доцнат, искрено од анализите што ми беа претставени верував дека тие се пред нас. Тоа не се покажа точно во првата трка и не сум сигурен дека знам што се случило. Не можам да кажам дека ние ги надминавме очекувањата, едноставно го сработивме она што се бараше од нас. Не знам каков е проблемот на Ферари, но сигурен сум дека ќе бидат посилни во наредните трки. Мораме да бидеме внимателни. – изјави Хамилтон.

Наредната трка, втора во новата сезона, ќе се вози на 31 март во Бахреин.

OhridNews