Британецот Луис Хамилтон во Мекларен победи во неделата на Голема награда на Унгарија, 11 трка од овогодишното Светско првенство во Формула 1.

Второто место го освои Финецот, Кими Раиконен во Лотус, додека трет беше неговиот тимски колега Французинот Роман Грожан .

На Хамилтон ова му беше 19 победа вкупно во кариерата и втора победа во тековната сезона, откако претходно славеше во Канада.

Во вкупниот поредок, водството го задржа Шпанецот Фернандо Алонсо (Ферари), кој денеска беше петти.

Алонсо води со 164 поени, пред австриецот Марк Вебер со 124 поени, трет е Германецот Себастијан Ветел со 122, додека на четврто место се проби Хамилтон кој има 117 поени.

Наредната трка се вози на 2 септември за Големата награда на Белгија