Со „еден два“ триумф на Мерцедес заврши трката во Барселона за големата награда на Шпанија. Прв на целта мина актуелниот шампион Луис Хамилтон, додека второпласиран беше Валтери Ботас. Тројката на подиумот ја комплетираше Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Луис Хамилтон (Мерцедес) – На оваа трка прв пат оваа година почуствував во болидот дека и јас и целиот тим имаме шампионски ритам. Прекрасно беше. Без целата екипа не се можни вакви остварувања. Дечките направија права работа посебно што на квалификации се уплашив од гумите но ете во првиот стинт бев неприкосновен. Сега ни останува да продолжиме со ваква работа и победнички ритам. Еден два победа е повеќе од успех за нас оваа година. 

Валтери Ботас (Мерцедес) – Секако дека сакав да победам но не сум незадоволен со втор па освоено второ место. Добар резултат за екипата. Имавме одлична стратегија, а болидот беше совршен. Од почетокот на тркачкиот викенд го посакувавме ова и и го остваривме. Убаво е пак да се биде на победничкиот подиум. Морам да признам дека ако не беше овој резултат ќе се замислев за перформансите на Ферари. Дали е ова кикс на Ферари или наше враќање набрзо ќе видиме.

Макс Верстапен (Ред Бул) – Болидот функционираше беспрекорно без разлика што ова не е патека за претекнување. Сепак успеавме да се задржиме одма позади водечките, па имавме среќа со откаживањето на Кими. Гумите не ни се трошеа многу па зато стигнавме до подиумот. Мислам дека можев да го стигнам Ботас ни морав да се сконцентрирам на оштетеното предно крило и одбрана на третото место од Фетел.

Себастијан Фетел (Ферари) – За несреќа ние најмногу го почуствуваме новиот асфалт кој придонесе за прегреување на гумите ради големата абразивност што не беше случај со Мерцедес. Планиравме да одиме со едно застанување ама не беше возможно. Заради тоа пробавме со новата спецификација но немавме среќа зато што таа е потенка за 0.4 милиметри и испадна пресудно. Одлуката на Пирели да донесе ваква спецификација беше на место, а наш проблем што не го сетиравме болидот да ги штеди гумите.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се одржи низ улиците во Монако на 27 мај.

OhridNews