Vо официјална посета на Република Македонија на 18-ти април, среда, ќе пристигне делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан. Во рамките на официјалната посета Хан и делегацијата на ЕУ ќе се сретнат со претседателот на Владата, Зоран Заев, и владина делегација во Клубот на пратениците на заеднички работен појадок и официјална средба.

По завршување на средбата, Заев и Хан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во Скопје пристигнува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, која се очекува утре да се обрати во Собранието по повод извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Во прес-центарот на Владата соопштија дека Могерини ќе се сретне со премиерот Зоран Заев по што утре напладне ќе оддржат заедничка прес-конференција.