Еврокомесарот за пристапни преговори и соседска политика Јоханес Хан, во четврток во Скопје ќе оствари средби со лидерите на политичките партии што освоија место во македонското Собрание.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдила дека Хан доаѓа во Македонија поради состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте балкански држави (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора).

„Комесарот Јоханес Хан ќе биде во Скопје во четврток на 9-ти февруари на состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западниот Балкан. Учесниците ќе го забележат постигнатиот напредок во енергетскиот сектор и ќе разговараат за мерки за унапредување на регионалниот пазар на електрична енергија. Исто така, ќе се разговара за подготовка на Самитот за Западен Балкан, што во јули ќе се одржи во Трст, Италија. На маргините, комесарот Хан, исто така, ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата¬ домаќин“, изјавила Коцијанчич.

OhridNews
извор Макфакс