Договорот од Пржино се уште има иднина и важно е во земјата да се одржат избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, изјави еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан за Радио Слободна Европа.

„Тоа значи дека мора да има чист избирачки список, изборите мора да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е она што е важно во моментов“, изјави австрискиот еврокомесар.

Хан исто така додаде дека „финалната битка е да има избори“ и дека и покрај протестите,  Договорот од Пржино има иднина.

„Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени, или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори“, порача еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори.