Еврокомесарот Јоханс Хан денеска ќе престојува во Работна посетна на Македонија, во рамки на која ќе се сретне со државниот врв и претствници на политичките партии, со цел да помогне во изнаоѓање разрешница на длабоката политичка криза во земјата.

Со Хан во Македонија доаѓаат и европратениците Иво Вајгел, Едвард Кукан и Кнут Фланкештајн.

Хан кому ова му е втора посета на Македонија по парламентарните избори, изрази очекување дека земјата ќе ги почитува демократските принципи и изборните резултати.

Исто така денеска, во Собранието на Република Македонија треба да се одржи координација на парламентарните групи за продолжување на конститутивната седница, на која треба да биде избран спикер и негови заменици.

Во исто време пред Собранието иницијативата „За заедничка Македонија“ најави голем протестен собир. Претставници на иницијативата побараа средба со еврокомесарот за проширување Хан, но тој нема да се сретне со нив.

OhridNews