Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан, за австрискиот весник Дер Стандарт изјавил дека насилството во Собранието на Македонија нема да влијае врз можностите за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, пренесува Дојче Веле.

Хан во изјавата исто така вели дека не очекувал насилство од ваков обем во Собранието, порачувајќи дека „во Собранието биле нападнати оние кои се ангажираат и работат за  европската перспектива на Македонија“.