Според предвидувањата на реномираниот ракометен сајт “Handball planet“ Македонија престојното Светско првенство ќе го заврши на 14-та позиција што е за три места послабо од најдобриот пласман остварен на мундијалот во Хрватска 2009 година.

Македонија во групата на Светското првенство во Шпанија се наоѓа со Данска, Исланд, Русија, Катар и Чиле, а да се оствари ова предвидување на “Handball planet“ “фалангата“ треба да ја мине групата и да претрпи пораз во 1/8 финалето.

Примиерата на мундијалот во Шпанија селекцијата на Македонија ќе ја има против Чиле в сабота во 15:45 часот.

Мх.П.