Данскиот ракометен репрезентативец Микел Хансен е избран за најкорисен играч на 23-то Светско првенство кое се играше во Шпанија.


Одлуката за изборот на Хансен за најкорисен ракометар на СП е компромисна откако Данска во финалето претрпе убедлив пораз од Шпанија со неверојатни 16 голови разлика.

Во финалето против Шпанија, Хансен имаше натпревар за заборав. Данецот постигна два голови, имаше четири загубени топки и целосно се вклопи во сивилото на данскиот состав.

Мх.П.