Германскиот гигант Баерн Минхен паузата во Бундес лигата и фудбалот воопшто поради коронавирусот ја искористи да ја реши тренерската позиција најмалку до 2023 година. Имено, „баварците“ со постојан договор го наградија Ханси Флик, кој беше доведен како времено решение после отказот за Нико Ковач.

 

Флик за кратко време без помпезности ја консолидираше екипата и врати атмосферата која ја немаше. Со Флик на клупата „баварците“ забележаа 18 победи на 21 натпревар и се вратија на водечката позиција на табелата. За целокупната работа, Флик доби награда вредна тригодишен договор од германскиот клуб.

 

Сите ние во клубот сме презадоволни од неговата работа. Задоволни сме како ја насочи и како ја води екипата. Баерн Минхен играше добар фудбал и победуваше, што беше поттик за седнување на маса и понудување на тригодишен договор. – изјави претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес.

Флик во стручниот штаб на Нико Ковач беше прв помошник.

OhridNews