Бреша и официјално го отпушти тренерот Фабио Гросо кој го предводеше тимот до три порази без постигнат гол за да го врати стариот тренер Еугенио Корини само еден месец по отпуштањето.

Претседателот на клубот, Масимо Челино, беше критикуван што решил да го отпушти Корини на 3 ноември, а хаосот во клубот од Ломбардија се зголеми по конфликтот со Марио Балотели по што навивачите протестираа по 0:3 поразот од лутите локални ривали Аталанта.

По низата од три порази под палката наГросо со 10-0 гол разлика, Бреша има шест порази едноподруго и само еден поен во последните девет меча по што се заглави на последното место на табелата. Инаку, Корини лани успеа да ја внесе Бреша во Серија А освојувајќи ја титулата во Втората лига.

OhridNews