Центар за култура „Григор Прличев“

Од 08.02.2019 - 21:00 до 08.02.2019 - 22:30

Во петок (8-ми февруари 2019) во керал сцената на Н.У. Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, роденденски концерт ќе одржи охридскиот хардкор и метал бенд Hardfaced.

Повод е јубилејниот роденден на бендот, кој оваа година слави 15 години постоење. Од своето формирање во јануари 2004 година, Hardfaced имаат издадено три албуми и отсвирано преку 200 концерти во Македонија и ширум Европа.

Ова е извонредна шанса за oхриѓани да ги гледаат Hardfaced со некои од оригиналните членови (кои за оваа прилика специјално допатуваа од САД и Шведска). На концертот ќе се свири широка сет листа од стари песни, а ова е воедно и последна шанса да се гледаат и чујат Hardfaced во живо пред да излезе нивниот нов албум.

Заедно со Hardfaced, публиката ќе може да го чуе и скопскиот бенд Shock Troopers, кој како поткрепа ќе настапи и на преостанатите славенички концерти во Битола, Софија и Скопје.

Картите за концертот може да се набават во музичката продавница Зи Зи Топ (со работно време 10:00-17:00) по цена од 200 денари.

OhridNews