Димитар Савески е музичар, промотор, издавач и турнејски менаџер, од Охрид, Македонија. Во музиката влегува 2004-та година, на свои четиринаесет години, формирајќи го бендот HARDFACED со кој има издадено четири долгосвиречки албуми и отсвирено преку 200 концерти.

Составот на HARDFACED на почетокот бил доста променлив, но првата вистинска постава на HARDFACED според Димитар се: Димитар, Климент, Јован, Горан, Игор и Бојан. Во тој состав го дефинирале својот звук и го снимиле својот прв албум „MORE THAN HATE“ во 2007 година. Албум којшто ја дефинира патеката по која бендот се движи скоро 20 години.

2012-та година Димитар Савески го основа Diehard records & booking, независна издавачка куќа и промотерска агенција, која досега има организирано преку 50 концерти и фестивали, неколку балкански и европски турнеи и издадено тринаесет музички албуми на македонски бендови.

2014-та година започнува да работи како tour-мanager. Досега има реализирано преку 40 успешни европски турнеи со бендови од Америка, Велика Британија, Австралија, Германија. Активно учествува во подготовки на турнеи, букинг, логистика, сценски менаџмент, фестивалски продукции, издаваштво и слично.

Последниот албум „DREAMLESS SLUMBER AT THE SHORES OF YOUTH“ (2019) променил доста за HARDFACED како бенд, отворил многу врати коишто не очекувале дека ќе се отворат. Концертите станале многу попосетени, почнуваат да свират големи и добри фестивали и едноставно ја дефинира новата патека по која бендот ќе се движи во наредните години.

Сите турнеи, концерти, дружби на бендот HARDFACED е она што го челичи и го прави бендот долги години да биде активен на сцената, а сериозноста на бендот се доживува преку секој нареден албум со кои одново го дефинираат звукот и правецот во кој се движат со што ги оставаат фановите нестрпливи за нешто ново од HARDFACED и нивните идни планови.

Обични херои Е13 Димитар Савески HARDFACED

OhridNews