Охридскиот хардкор-метал состав, „Хардфејсд“, овој викенд во Охрид и во Скопје ќе го промовира својот трет студиски албум насловен како „Dying Lake“.

На албумот, кој е сниман во „Кречо саунд“ и во издание на Diehard records, се поместени десет песни.

Неоддамна, момците од бендот одбележаа 10 години од појавувањето на македонската музичка сцена. „Хардфејсд“ постојат од 2004-та година,  имаат издадено два албуми, учестувале на неколку балкански и светски компилации и имаат исвирено над 100 концерти.

OhridNews