Ударната игла на нападот во Тотенхем Хари Кејн најави заминување од Лондон, ако клубот не се движи во посакуваниот правец. Кејн во видео интервјуто со Џејми Реднап изјави дека е амбициозен фудбалер и посакува да се бори за титули во сите натпреварувања.

Често ме прашуваат за мојата иднина во Тотенхем. На тоа прашање не можам да дадам јасен одговор бидејќи не се зависи само од мене. Го сакам клубот, навивачите се фантастични но ако не се движиме во посакуваниот правец ќе мора да заминам бидејќи сакам да играм на високо ниво. – рече Кејн.

Во видео интервјуто, Кејн зборуваше за англиската репрезентација, одложеното Европско првенство, поразот од Ливерпул во финалето од Лигата на Шампиони и уште многу други теми поврзани со фудбалот. Моментално, сите фудбалски активности се прекинати поради пандемијата со коронавирусот.

Изјавата на Кејн, сигурно будно ќе биде проследена од клубовите го посакуваат англискиот репрезентативец во своите редови. За сега, јавно интерес имаат покажано Јувентус и Манчестер Јунајтед.

OhridNews