Хари Винкс со спектакуларен погодок во победата на Тотенхем над Лудогорец (4-0) го одбележа четвртото колот во Лигата на Европа. Фудбалерот за врска од 52 метри ја погоди мрежата на бугарскиот голман кој беше истрчан неколку метри од гол линијата. Винкс откри дека сакал да го проигра Бејл, но топката од силината на ударот завршила во мрежата.

Не сакав да шутирам кон голот. Меѓутоа, јас сум среќен за погодок кој дојде како еврогол. Сакам да кажам дека тоа ми беше намерата, но не е така. – изјави Винкс.

Покрај Винкс, во листата на стрелци се запишаа Карлос Винисиус кој постигна два погодоци и Лукас Мура.

OhridNews