Групната фаза во Лигата на Шампиони втора година е неприминлва пречка за Манчестер Сити. Минатата сезона “граѓаните“ не ја поминаа групата во кои беа со Виљареал, Баерн Минхен и Наполи. Сезонава избраниците на Роберто Манчини не ја преживеаја групата на смртта и прерано се збогуваа со Лигата на Шампиони.

– Многу сум разочаран. На мечот со Реал бевме добри само да се вратиме резултатски, но не да победиме и да конкурираме за првите две места кои ќе не одведеаја во понатамошната фаза. Имавме предност во Мадрид и Амстердам кое лесно го испуштивме, а тоа сега ни се одрази и мораме да се збогуваме прерано. Очигледно не ги научивме грешките од минатото и сезонава сме изненадени, во негативен правец – посочи голманот на Манчестер Сити, Џо Харт.

Во последната рунда англичаните со Ајакс ќе се борат за третото место кое води во Лигата на Европа.

Мх.П.