Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани остана без првиот тренер Феликс Магат кој заработи отказ од Бундеслигашот Волфсбург.

Пет бода се премалку“ велат од бундеслигашот кои се одлучија на ваков потег откако нивниот тим е на дното на табелата.

Феликс Магат со оваа екипа во 2009 година ја освои шампионската титула, негова привремена замена ќе биде Лоренц Гинтер Костнер, тренерот на вториот тим.