Со воведување на ХАСАП стандардот од 1ви јануари 2010 година, цената за закуп на тезги на зелените пазари ќе се зголеми двојно, што неминовно ќе доведе до зголемување и на цените на производите.


Пазарџиите велат дека доколку тие треба да обзебедат услови за воведување на ХАСАП на пазарите, како што се ладилници и слично, неминовно ќе дојде до поскапување на закупнината.

Закупците се децидни дека немаат можност да инвестират во опрема според ХАСАП стандардите и дека таа обврска треба да ја преземат организаторите на пазарите. Тие велат дека куповната моќ на народот е намалена и дека евентуалното зголемување на закупнините дополнително ќе се одрази на ионака снижениот промет.

Ohridnews