Шпанскиот репрезентативец Хави Мартинез е на големи маки откако од Атлетик Билбао направи трансфер вреден 42 милиони евра во Баерн Минхен.


Повремениот репрезентативец на Шпанија, Мартинез отишол да ги земе личните работи од соблекувалната на Атлетик Билбао. Местото каде што ги чувал личните работи Мартинез било запечатано, а неговите копачки ги пронајдол в ѓубре.


“Баскијците“ остро го нападнаа Мартинез откако тој реши сам да замине на лекарски прегледи во Германија,а притоа ги игнорираше шпанските новинари. Најпопуларниот весник “Марка“, Мартинез го нарече “спајдермен“ поради бегањето од шпанските новинари и од клубот каде ги направил првите фудбалски чекори.

Мх.П.